СП 2026: Египет поведе, Белгија изедначи – дуелот заврши без победник

Првиот натпревар од групата Г одигран вечерва во Сиетл меѓу Белгија и Египет заврши без победник 1:1. Неочекувано репрезентацијата од Африка поведе, додека Белгија успеа да изедначи во вториот дел.
Египет поведе по асистенцијата на капитенот Мохамед Салах, а Емам Ашур го совлада Тибо Куртоа во 19.минута за водство на „фараоните“. Со овој резултат заврши првиот дел, а нешто поквалитетно се играше во вториот дел. Египет пропушти да зголеми преку Омар Мармуш на почетокот на вториот дел. Само што влезе во игра Ромелу Лукаку, Белгија изедначи. Тоа беше автогол на Мохамед Хани во 66.минута.
Во вториот дуел од групата Г ноќеска играат Иран и Нов Зеланд во Лос Анџелес.
Покрај овој дуел вечерва на полноќ е почетокот и на дуелот Саудиска Арабија – Уругвај.
Во првиот натпревар од денешната програма Шпанија - Зелено’ртски Острови 0:0.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
