-->
-->
СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-->

Во воведното коло во групата Ц на Светско првенство, Бразил и Мароко одиграа без победник 1-1, а Шкотска минимално го совлада дебитантот Хаити со 1-0, додека стартна победа во групата Д извојува Австралија, триумфирајќи над Турција со 2-0.
Бразил и Мароко на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси одиграа возбудлив натпревар, особено во првото полувреме, во кое Мароканците дојдоа во водство со голот на Саибари во 21 минута, а Винисиус донесе израмнување 11 минути подоцна.
Шкотска во својот прв мундијалски настап од 1998 година го совлада Хаити на „Жилет стадион“ во Бостон со погодокот на МекГин во 20 минута.
Иранкунда во 27 минута ѝ донесе водство на Австралија на „БЦ Плеј“ стадионот во Ванкувер, а Меткалф во 75 минута стави печат на победата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
