Спорт плус
20. February 2021 - 19:50

СП: Златен медал за Линдсбергер

Австриската скијачка триумфираше со предност од една секунда пред  Петра Влхова од Словачка додека бронзениот медал и припадна на Микаела Шифрин која беше вкупно 2 секунди побавна од Линдсбергер.

        На патеката во слалом денеска се појавија и македонските скијачи Дардан Дехари, Влатко Анастасоски, Мирко Лазарески и Виктор Петков.  Пласман обезбеди само Дехари кој го освои 28-то место што не беше доволно да се појави на утрешното финале каде се пласираа 25-те најдобри.