СП2022: Новинарка ограбена во Катар, полицијата ѝ понудила да избере казна за сторителот
Аргентинска новинарка е ограбена во Доха во близина на зона во која се собираат навивачите за Светското фудбалско првенство, а при сослушувањето од полицијата и било ветено дека сторителот брзо ќе биде откриен и ѝ било понудено самата да избере казна за крадецот.
Инцидентот се случил додека новинарката Доминик Мецгер снимала прилог од Мундијалот во Катар за аргентинска телевизија, кога непознат сторител и го извлекол паричникот од чантата.
Мецгер по пријавување на случајот била однесена во друга полициска станица, во женски оддел, каде и било укажано дека треба да даде изјава.
-Тогаш се случи еден комплексен момент. Ме прашаа како сакам да биде казнето тоа лице. Ми објаснија дека камери се поставени насекаде и оти брзо ќе го најдат сторителот, појасни Мецгер.
Катарските полицајки на аргентинската новинарка и рекле дека самата може да избере казна за сторителот и притоа ја прашале дали сака да му биде изречена казна затвор во траење од пет години или да биде депортиран.
-Им одговорив дека навистина не сакам да се ставам во таква позиција и оти не можам да одлучувам за такви работи бидејќи не сум судија, рече новинарката на аргентинска телевизија.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи