Спас од камен во бубрегот: Најлековитата вода на Балканот на само 6 часа од Скопје
Во моментов водата на тој извор тече нонстоп, не е во систем на водовод и не е хлорирана, така што сите кои престојуваат во Дивчибари би требало задолжително да ја пијат.
Водата е толку квалитетна што може веднаш да се пакува, а вистински благодат е тоа што е богата со магнезиум, кој влијае на работата на срцето, крвните садови, разбивање камен во бубрег и на општата состојба на организмот – вели шефот на Центарот за обновливи водни енергетски ресурси, проф. д-р Дејан Милениќ.
Белградскиот Рударско-геолошки факултет на барање на барање на Градската дирекција од Валево направил истражување на Дивчибари кога се откриени два извора кои можат да ги задоволат моменталните потреби на вода во туристичкиот центар во валевскиот крај.
– На нашиот пазар нема природни води кои содржат олкаво количество магнезиум. Пх вредноста на водата е слабобазна, што го растоварува желудникот. Во моментов водата на тоа извориште тече нонстоп, не е во систем на водовод и не е хлорирана, така што сите кои престојуваат во Дивчибари би требало задолжително да ја пијат – вели Милениќ.
Тој објаснува дека карпите од кои е формиран планинскиот масив на Дивчибари се полни со магнезиумови минерали, па оттаму и толку квалитетна вода во тој крај.
–Водите кои се формираат во вакви карпи се најлековитите и најдобри се за пиење. Мислам на обични води, а не на магнезиумски кои се оптоварени со јаглероден диоксид, какви што се продаваат. Бидејќи се со јаглероден диоксид не смеат да се пијат неограничено за разлика од природните, кои немаат нус појави по здравјето на човекот.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра