-->
-->
Спасени 53 мигранти, тројца загинати откако кај Крит потона брод
-->
Во спасувачката акција на грчката крајбрежна служба извлечени се безживотните тела на три лица, а спасени се 53 бегалци и мигранти, откако, од засега непознати причини, потонал бродот во кој што се превезувале источно од грчкиот остров Крит.
Од Крајбрежната служба на Грција соопштуваат дека во големата акција за спасување што почнала во попладневните часови, а е во тек, учествуваат два бродови и еден хеликоптер од воената морнарица, како и хеликоптер од военото воздухопловство, но и два брода што се во близина на местото каде што потонал чамецот во кој не е познат бројот на патници.
Лошото време и силниот ветер дополнително ја отежнува спасувачката акција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Уапсен поранешниот државен правобранител Фахми Стафа
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
