-->
-->
Спасески се сретна со заменик министерот за спорт на Полска
-->

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески пред дуелот во Гдањск меѓу репрезентациите на Македонија и на Послка во рамки на ракометниот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Рио 2016, имаше работна средба со полскиот заменик министер за спорт, Јарослав Ставијарски.
Агенцијата за млади и спорт соопшти дека двајцата соговорници изразија подготвеност за продлабочување на соработката меѓу двете држави во областа на спортот, особено во делот на размена на тренери, обучување на спортскиот кадар, користење на спортските капацитети за подготовка на репрезентативните состави, како и за соработка меѓу високообразовните институции на двете земји.
Спасески го информираше својот колега за активностите и проектите што ги спроведува македонската Влада за унапредување и развој на спортот, создавање на висококвалитетни кадри, како и за поттикнување на спортскиот дух кај младите преку изградба на спортски сали, игралишта и останата спортска инфраструктура.
И двајцата им посакаа среќа на своите репрезентации и заедно го проследија првиот натпревар на турнирот меѓу Македонија и Полска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
