Спасов: Пензиите ќе се зголемат за 10,25 отсто

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов денеска оствари средби со пензионерите и претседателите на здруженијата на пензионерите од Охрид и Дебрца, притоа пренесувајќи им дел од мерките и проектите предвидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на квалитетот на нивниот живот и повисок стандард.
- Нашите дела се потврда дека она што планираме во иднина да го реализираме за подобрување на нивниот живот ќе биде направено, бидејќи нашиот збор го даваме врз основа на точно одмерени проекти, проценети дека можат да бидат реализирани следните четири години, рече Спасов притоа потсетувајќи на реализираното ветување за зголемување на пензиите.
Просечната пензија, како што рече, од 7.600 денари во 2006 година денес изнесува 13.750 денари што, според него, е големо зголемување и исчекор напред.
- За следните четири години планираме трендот на зголемување на пензиите да продолжи за 10,25 проценти, планираме и продолжување на позитивните проекти како бесплатна банско-климатска рекреација, бесплатен туристички викенд, а планирана е и изградба на три државни домови за стари лица, за пензионери со ниски приходи, со капацитет од некаде 500 легла во вредност од три милиони евра, рече меѓу другото Спасов.
Тој најави дека грижата за највозрасните граѓани во државата продолжува и со некои нови проекти што континуирано ќе придонесат за подобрување на нивниот животен стандард, притоа како пример посочувајќи ја мерката за воведување денови со попусти за пензионерите на одредени производи во малопродажни маркети, како и можност за плаќање на рати.
Ново на Сител
-

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа
-

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
-

Инцидент кај Куклица: Уапсена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители
-

Министерство за здравство: Епидемиолошката состојба во Гостивар стабилна
-

Нема нови случаи на западнонилска треска, последните суспектни случаи се негативни
