Македонија
26. February 2016 - 8:45

Спасовски и Хованец во посета на транзитниот центар „Винојуг“

Министерите за внатрешни работи на Македонија и на Чешка, Оливер Спасовски и Милан Хованец, денеска ќе ги посетат транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија и чешкиот полициски контингент лоциран на јужната граница.

Чешкиот контингент е дел од полициските службеници од неколку европски држави кои заедно со македонските колеги вршат зајакнат надзор на граничната линија кон Грција преку која влегуваат бегалци.