Спасовски и Жерновски на Бледскиот стратешки форум
Министерот за внатрешни работи и Оливер Спасовски и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска ќе учествуваат на традиционалниот 13. по ред „Бледски стратешки форум 2018”.
Спасовски, како што соопшти МВР, ќе има обраќање на тема „Безбедност и владеење на правото преку обновена ЕУ перспектива“,
Заменик-министерот за надворешни работи, пак, ќе се обрати на панелот „Западен Балкан: Изгубени години или нова надеж?“.
Жерновски се очекува да оствари и билатерални средби со повеќе претставници и учесници на Форумот, во функција на информирање на соговорниците за претстојниот рефрендум, како и дека Република Македонија е суштински посветена на реформскиот процес со цел да стане 30-та земја членка на НАТО Алијансата, се наведува во соопштението на МНР.
Бледскиот стратешки форум 2018, кој во својот концепт вклучува не само политичка, туку и општествена компонента, оваа година се очекува да биде досега најголем, со 24 различни панели, на кој ќе присуствуваат околу илјада учесници - државници, политичари, професори, бизнисмени.
Ново на Сител
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет