Спасовски им посака добредојде на полициските службеници од ФРОНТЕКС
Во Регионалниот центар за гранични работи Југ во Кавадарци, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска им посака добредојде и го поздрави присуството и официјално започнување на Заедничката операција „Северна Македонија 2023“ , на службениците на ФРОНТЕКС кои ќе бидат распоредени на границата кон Република Грција.

Заедничката операција е предвидена да трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, во прибирањето и размената на оперативни информации и идентификувањето на можни ризици и закани, јакнење на оперативната соработка и поддршка на оперативните капацитети.
- Очекуваме истата да придонесе за поефикасно справување со прекуграничниот криминал, вклучително и криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и тероризмот како глобални предизвици. Заедништвото на оваа операција се согледува и преку вложување во персонал и опрема за да обезбедиме поголема безбедност, информираа од МВР.

Планирано е во текот на 2023 година ФРОНТЕКС да распореди повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема на македонско-грчката граница со што значително ќе се зголемат капацитетите за откривање на илегалните активности вдолж границата, притоа почитувањето и заштитата на основните права на секое лице засегнато од операциите на ФРОНТЕКС е во центарот на активностите на агенцијата.

Во рамки на посетата на министерот Спасовски беше организиран и Првиот оперативен брифинг за припадниците на ФРОНТЕКС во заедничка координација на ФРОНТЕКС, Одделот за гранични работи и миграции и Регионалниот центар за гранични работи Југ, со што и официјално започнува Заедничката операција.

Министерот Спасовски на средбата со началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ, Славчо Богев во Кавадарци, на која биле присутни и сопственици на пет општествено одговорни фирми од Кавадарци, им доделил Благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.

Ново на Сител
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
