Спасовски: Изборите нема да го пролонгираат ветингот во МВР

Процесот на ветинг во полицијата тече. Избран е моделот, формирана е работна група која ќе работи на тоа дали да се оди на нов закон или измена на законските решенија. Тоа треба да заврши до почетокот на следната година и оттогаш да почне проверката.
Ова го истакна министерот за внатрешни работи одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Валандово, оценувајќи дека предвремените парламентарни избори нема да го пролонгираат тој процес.
– Ветингот не е само најава. Процесот на ветинг започна во МВР. Процесот на ветинг не подразбира само старт кога ќе започнат проверките на вработените. Процесот на ветинг подразбира да се одбере моделот. Тоа го завршивме, односно да се направи прво план како тој ветинг ќе се прави, да се одбере моделот, да се приспособи законската регулатива. Сега имаме формирано работна група која што ќе работи токму на тој дел – дали ќе одиме на нов закон, измена на постојните законски решенија, подзаконските акти. На основа на тоа кога ќе се формира таа правна рамка, а таа има рокови во кои треба да биде дефинирана, некаде во почетокот на нареднава година и од тогаш веќе ќе стартуваат проверките, изјави Спасовски.
Според него, тоа би бил средина на патот на проверките во МВР. Тој процес е неминовен и тој процес мора да го истераме до крај се со цел едноставно институциите да се ослободат од луѓе кои не се достојни да бидат дел од институциите, меѓутоа и да ги заштитиме сите одговорни и професионални кадри во македонската полиција кои навистина даваат се за да се сочува безбедноста, да ги јакне интегритетот и довербата на граѓаните во полицијата.
За тоа дали предвремените избори ќе го пролонгираат процесот министерот вели дека тој процес ќе тече. -Парламентарните избори сигурно дека ќе завршат и понатаму продолжуваме, посочи министерот за внатрешни работи
Ново на Сител
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
