Спасовски: Кога ќе говорите за принципиелност, погледнете го Села и потсетете се на сликите од 27 април

Во својата реплика пред пратениците на 39. седница - Собрание на Република Македонија, министерот Спасовски истакна: „Кога се говори за лична одговорност, јас можам лична одговорност да имам во тој момент ако се случуваат криминални активности, а јас не покренувам постапка. Па ако имате фалсификување на пасоши и лични карти – а да не повикате на одговорност за таа работа. Ние имаме уапсени луѓе и поднесени кривични пријави! Можам да одговарам доколку ги гледаме, а не ги апсиме оние коишто шверцуваат дрога, оружје, мигранти итн. Можам да одговарам, исто така, ако не ги користам парите на даночните обврзници, така како што вие сте пропишале во Буџетот, како Собрание, а не ги подобруваме условите за работа и сл.
Значи, ако треба да се одговара, треба да се понесе одговорност во моменти кога навистина од некаков намерен, па дури и ненамерен пропуст вие тоа го правите. Меѓутоа, сметам дека никако не може да се сноси одговорност ако за нешто преземате мерки! И, впрочем, она што го споменувате, и за Специјалното јавно обвинителство и сите овие кривични пријави, сѐ она што се случува и сѐ она за кое што сме се бореле, е сработено од истражители од МВР. Сите овие истраги до една кои што се направени, кога ретко кој можеше во тој момент да се прикаже дека е член на опозицијата, јас со мојот тим бевме во Министерството за внатрешни работи, тони и тони хартија предадовме во Обвинителство за тие многубројни предмети коишто ги водеше СЈО. Тоа време на неказнивост, па макар и на полициски службеници – помина! Тоа време е поминато, а еве само неколку факти“.
Покажувајќи фотографии од собраниската говорница, министерот Спасовски потсети: „Овој е човекот кој како вработен во МВР на снимка се гледаше како шмрка кокаин, а седи со претседателот на ВМРО во Прилеп. Тоа е истиот оној со којшто заедно ја поднесовте интерпелацијата….или седи заедно со бившиот градоначалник на Прилеп. Е тоа е неказнивост! И непринципиелност! Да се гласа, да се поднесува интерпелација заедно со оние луѓе коишто ја направија оваа слика во Собранието на 27 април?! Кога ќе говорите за принципиелност, погледнете го Зијадин Села кога ќе седне до вас, и тогаш можеме да зборуваме за принципиелност во однос на настаните“.
Министерство за внатрешни работи
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
