Спасовски: МВР меѓу најтранспарентните институции

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со претставници од граѓанската организација „Евротинк – Центарот за европски стратегии“ со цел продолжување на претходната успешна соработка со МВР на полето на транспарентноста и отчетноста на полицијата кон граѓаните.
На состанокот биле сумирани резултатите од претходниот заеднички едногодишен проект „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија“.
![]()
– Се согласивме дека неговата имплементација придонесе за подобрување на околината и условите во кои полицијата функционира особено во областите транспарентност, отчетност и инклузивност при носење на одлуки за работата на полицијата, потенцирал министерот Спасовски, се наведува во соопштението од МВР.
Спасовски изразил задоволство дека МВР со „Евротинк“ влегува во имплементација на два други проекти „Подобрување на транспарентност и отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија“ и „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ за следниот период 2022 – 2024 година.
Договорено е потпишување и на меморандум за соработка кој ќе помогне во имплементацијата на овие потфати во следниот период.

– Од неодамна презентираните резултати на организациите кои се занимаваат со демократските права, слобода на медиумите и транспарентност на институциите, МВР е една од најтранспарентните институции во земјата и регионот, односно Индексот на отвореност за МВР говори за 76.10 проценти исполнетост на индикаторите за отвореност. Како МВР остануваме посветени кон создавање отворена, отчетна и транспарентна институција пред граѓаните, преку активна соработка со медиумите, граѓанските огранизации и граѓаните – вистински одраз на внатрешната политика на Министерството во насока на градење на довербата помеѓу граѓаните и полицијата, нагласуваат од МВР.
Ново на Сител
-

Зошто сите сакаат на Месечината и кој води во новата вселенска трка
-

Изминатата седмица санкционирани 101 непрописно паркирано возило во Центар
-

ЦИК на БиХ: Синиша Каран е нов претседател на Република Српска
-

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со - 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени
-

Продолжува судењето за „Онкологија“, треба да бидат сослушани вешти лица од Словенија
-

Минчев: Законот за висока раководна служба воведува мерит-систем и става крај на партизацијата
-

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026
-

Три лица загинаа во руски напади врз Одеса и Харков
