Спасовски: Обезбедување за сите пратеници кои ги поддржаа уставните измени

Сите пратеници кои гласаа за иницијативата за промена на Уставот се обезбедувани, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на новонабавената униформа наменета за припадниците на Единицата за специјални задачи денеска во касарната Илинден.
– Направивме безбедносна проценка на пратениците, претежно оние кои гласаа за отпочнување на процесот на уставни измени и тие ќе бидат обезбедувани се до оној момент, додека таа проценка не биде поинаква, рече Спасовски.
На прашањето од кого всушност се заштитиуваат тие пратеници истакна дека има реални закани, преку Фејсбук и другите социјални мрежи, но и директни закани, до нив, до нивните семејства, закани за уништување на нивниот имот.
– Секој кој ќе се обиде да внесе таква несигурност кон граѓаните ќе биде санкциониран, рече Спасовски.
Министерот додаде дека заканите доаѓаат и од група блиска до инцијативата „Бојкотирам“.
Во врска со тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и на Иван Стоиљковиќ од ДПСМ дека на пратеници им биле нудени пари за да гласаат, Спасовски нагласи дека за покренување такви постапки е надлежно обвиниелството и апелираше до него доколку има основи да покрене такви истраги.
Истакна дека доколку на некои пратеници им биле нудени пари, тие треба да пријават, бидејќи и самото нудење мито е кривично дело.
– Несериозно е да се излезе во јавноста и да се кажуваат невистини за нудење финансиски средства, таквите тврдења треба да се расчистат, додаде министерот Оливер Спасовски.
Ново на Сител
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
-

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема
