Спасовски: Околу 55.000 членови го ажурирале своето членство во СДСМ
Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски денеска беше меѓу граѓаните на општина Ѓорче Петров, каде посети неколку долгогодишни членови кои го ажурираа своето членство во СДСМ.
Спасовски пред граѓаните истакна дека досега околу 55.000 членови го ажурирале своето членство, дека процесот на реевиденција и активна регистрација кој трае до 25 февруари ќе финишира со организација на првите внатрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ.
– И овде во Ѓорче Петров како и во другите општини низ државата, голем е интересот за реевиденција на членството, но голем е и интересот на нови членови кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ. Тоа е така затоа што граѓаните го препознаваат лидерството на СДСМ, ги препознаваат успешните политики што нашата партија ги презема и на домашен и на меѓународен план. Резултатите од таквите политики се полноправното членство во НАТО, зголемената минимална плата, зголемената просечна плата, повисоките пензии за 320.000 пензионери, помошта кон стопанството, успешно справување со економските последици од глобалната пандемија. Граѓаните знаат дека со СДСМ е сигурно, дека со СДСМ, државата, економијата, целото општество се движат напред и затоа ја даваат довербата, посочи Спасовски.
Потпретседателот Спасовски порача дека СДСМ продолжува да се менува, за уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
