-->
-->
Сперанца: Кој ќе одбие да се лекува од Ковид-19 ќе биде казнет
-->
Луѓето кои одбиваат лекување откако ќе биде потврдено дека се позитивни на коронавирусот би можеле да бидат казнети, изјави денеска италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.
Тој рече дека неговиот тим ја разгледува можноста да бидат казнети оние кои мора да одат на лекување, а го одбијат тоа.
Сперанца потсети дека пациентите со Ковид-19, според правилата што моментално се применуваат, кои не одат во самоизолација се соочуваат со затвор од три до 18 месеци, а дека казната е 500.000 евра, јави агенцијата Анса.
Според Анса, најавата на министерот доаѓа во време кога репродуктивниот фактор во Венето се зголеми од 0,43 на 1,63, со што се зголеми ризикот од ширење на инфекцијата од низок на визок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид