Спирѕис: Ние сме горди за Договорот од Преспа
Ние сме горди за Договорот од Преспа и сме горди што вртиме страница, не само во односите со соседниот народ, туку и за целиот Балкан, вели министерот за инфраструктура,транспорт и врски на Грција, Христос Соирѕис во интервју за грчкото радио “Тема 104.6”
Како што јави дописничката на МИА од Атина, прашан за изјвата на Коѕијас дека на минатонеделната владина седница, коалицискиот партнер во владата и министер за одбрана, рекол дека “владата е финансирана од Сорос”, Спирѕис вели дека “не постојат тие работи”, и дека не слушнал дека Каменос говорел за Сорос на владината седница на која и тој лично бил присутен.
Министерот за инфраструктура, транспорт и врски на Грција, воедно побара од новинарите да не го мешаат во, како што рече, “конкретниот конфликт”.
-Постоеше и постои политичко несогласување и со Панајотис Каменос и со Независни Грци во врска со договорот со поранешната југословенска Република Македонија. Ние сме навистина горди за овој договор. Ние сме горди што ќе се финализира овој договор. Ние сме горди што вртиме страница, не само во односите со соседниот народ, туку и за целиот Балкан, рече Христос Спирѕис во интервјуто за грчкото радио.
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година

