СПМ: Иницијативата за започнување на консултации за уставни измени е крајно несериозна и во целост ја одбиваме

Социјалистичката партија на Македонија иницијативата на министерот за надворешни работи за започнување на консултации за уставните измени со формализирање на замислениот процес со јавни дебати и со учество на експерти, ја оценува како крајно несериозна и неодговорна. Истата во целост ја одбива.
Социјалистичката партија на Македонија го повторува принципиелниот став дека ниту една политичка партија застапена со пратеници во Собранието на Република Македонија нема мандат за било какви уставни измени, особено не партиите од власта кои немаат ниту легитимитет во инсистирањето за уставните измени.
Социјалистичката партија на Македонија јавно го повторува ставот, искажан на средбата на претседателите на политичките партии, дека единствен излез за длабоката политичка криза и сите останати кризни состојби е одржувањето на предвремени парламентарни избори.
Тие би биле своевидено референдумско изјаснување на македонските граѓани во кој правец да се движи државата и прифаќање или одбивање на дополнителните условувања и остапки од наша страна дефинирани со уставните измени.
Само во случај на собраниски пратенички состав со полн мандат и политичка Влада со целосен легитимитет во демократски услови единствено би можеле да се вршат уставни измени или редефинирање на претходно лесно прифатените условувања, исклучиво во согласност со волјата на бирачите и изборните резултати.
Решението не е ниту во формирањето широка влада затоа што тоа претставува бегање од одговорноста на власта и нејзино споделување со опозицијата која беше целосно исклучена од преговарачкиот процес и не консултирана со бугарскиот/францускиот предлог.
Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е заинтересирана за владините превземени отстапки кои ги смета за штетни по националните и државни интереси, дотолку повеќе тие се дополнителен аргумент за распуштање на Собранието на Република Македонија, формирање на техничка Влада и организирање на предвремени избори на 21-ви мај оваа година кои би значеле спас за Македонија од економското пропаѓање, политичко стабилизирање на државата и заштита на нејзините интереси.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
