СПМ ја поддржува одлуката на претседателот Иванов
Социјалистичката партија (СП) ја поддржува одлуката на претседателот Иванов за потпишување на општиот акт за амнестија, бара сите граѓани да се обединат во одбрана и сочувување на државата и потенцира дека од самиот почеток се против мешањето на странскиот фактор во, како што велат, „наводното решавање на состојби во кои е самиот учесник“.
- Предупредивме на сите опасности на кои е изложена земјава со нејзиното дестабилизирање и на последиците од тоа, поучени од историските настани кои секогаш биле на штета на македонските национални и државни интереси. Во услови кога сите државни институции функционираа и кога судската власт непречено работи не може да се зборува за политичка криза, рече генералниот секретар на СП Љупчо Димовски на денешната прес-конференција и нагласи дека ја поддржуваат одлуката на претседателот Иванов.
Одлуката, додаде, претставува легитимна, уставна и законска можност и право на институцијата Претседател.
- Одлуката доаѓа во момент кога се загрозени најсуштествените национални и државни интереси. Сметаме дека е потребно да се спречат деструктивните сили во намерите за создавање на ситуација на анархија. Не смее да им се дозволи на тие кои што бараа избори да бегаат од изборите, тие кои се повикуваат на демократијата да делуваат недемократски, тие кои се повикуваат на правото да дејствуваат спротивно на тоа да продолжат со активностите, со единствена цел да дојдат на власт нелегитимен и нелегален начин, рече Димовски.
Истовремено, посочи, наместо грубо мешање во внатрешните работи на суверена, самостојна и независна држава, бараме од меѓународната заедница соработка и економска и политичка поддршка со отворање на вратите за членство во НАТО и во Европската унија.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра