СПМ: На дипломатските дебакли им нема крај, Владата да си поднесе неотповиклива оставка
Социјалистичката партија на Македонија укажува на информациите за изготвувањето на нов бугарски „писмен документ“ со кој јасно би се дефинирале обврските и задачите во дијалогот со Македонија.Тоа ќе претставува само уште еден документ за чија соддржина јавноста ќе дознае откако нашата отстапка сведена на ново предавство ќе биде извршено.
Социјалистичка Партија на Македонија во повеќе наврати предупреди на идното сериско добивање нови услови и барања од официјална Софија, а секое неисполнување на некое он нив ќе значи и ново вето за Македонија.После оваа скандалозна информација исчезнат е г-динот Маричиќ да убедува за реципроцитетот кој е гарантиран со Протоколот.
Молчи и г-динот Ковачевски кој можеби ова ќе го толкува за дел од „скрининг процесот“ за пристап кон ЕУ.
Единствено МНР со неразумна реакција ќе констатира дека се работи за внатрешна работа на Бугарија и тоа не е резултат на меѓусебни разговори.
Се повторува мистифицирање на очигледното со инфантилното сокривање на дополнително прифатениот услов кој за нашата Влада не постои, но сепак подоцна ќе се спроведе.Социјалистичката партија на Македонија прашува од кога „писмен документ“ кој се однесува директно на Македонија и на нејзината ЕУ перспектива за МНР е небитен и претставува само внатрешно прашање на Бугарија.
Зошто министерот Османи не реагира и дали, за јавноста вообичаено неупатениот, а всушност вообичаено активен учесник, г-динот Пендаровски побара објаснување за каков нов „писмен документ“ станува збор.На дипломатските дебакли очигледно им нема крај. Оваа повеќе од неспособна Влада нема капацитет да ги запре понижувањата на Македонија и на македонскиот народ.
Владата наместо јаловата расправа со опозицијата и континуираната, како добар послужник, одбрана на туѓите интереси, најсоодветно е веднаш да си поднесе неотповиклива оставка.
Социјалистичката партија на Македонија ќе повтори дека само предвремените парламентарни избори, со нова Влада и ново и легитимно парламентарно мнозинство кое ќе ја отсликува реалната волја на граѓаните, ќе има право да носи одлуки во интерес на граѓаните и државата.
Подеднакво на фактот што предвремените парламентарни избори се едниствениот начин да се спречи понатамошна деградација на македонското општество и воопшто македонската Држава.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО