СПМ: Пресметките што ги објави вицепремиерот Битиќи за зголемената минимална плата се социјалдемократски фалби без мерка
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека пресметките што ги објави вицепремиерот Фатмир Битиќи за зголемената минимална плата се социјалдемократски фалби без мерка.
Затоа што тој растот на минималната плата тој не го споредува со растот на инфлацијата за да се види каков е тој раст и како е ефектот од иститот. Битиќи не кажува дека заради инфлацијата се врши натамошно осиромашување на граѓаните кои живеат од плата или од пензии, што миминално растат, а реално опаѓаат, се топат.
За да изгледа поверодостојно Битиќи ја намалува минималната синдикална потрошувачка кошничка и го споредува износот на минимални пати порано и сега. Фалби без основа, но тоа се каратеристиките на СДС.
Ако е толку убаво да се живее од минимална плата тогаш премиерот и министрите со постојните коефициенти за плата треба да ги споредуваат со минималната плата, а не како што е сега со просечната плата која е за 59,4% повисока од минималната.
Социјалдемократите се претставуваат како грижливи политичари за народот, но всушност прават се само за себе да си угодат и збогатат. Тие не предлагат индексација на платите со стапката на инфација туку со притисок го принудуваат синдикатот и работниците да имаат помал пораст на платите од растот на инфлацијата.
Власта не се фали со податокот дека македонците имат најниски плати во Европа и дека се најнесреќни луѓе. Но затоа владата и сите околу неа се задоволни и се подготвени да прифатат секакви уцени од страна па и промена на името, идентитот и Уставот за лукративни цели.
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека падот на рејтингот на СДС и ДУИ е доказ дека народот ги прочита и дека треба да си одат. Се покажаа најнеуспешни во менаџирањето со државата и затоа се потребни итни избори за нови способни луѓе да ја управуваат државата.
СПМ
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот