СПМ: Ставовите на Маричиќ се навредливи
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека ставовите на вицепремиерот за евроинтеграции не се движат во реални рамки, дотолку повеќе тие се и навредливи. Тој се уште не разбира дека за разговор треба согласност од страните кои имаат и определени цели.
Маричиќ ја искажува својата цел, сведена на уставни измени според бугарските барањата, за што е спремен да врши секаков притисок врз партениците од опозицијата, не обрнувајќи внимание дека народот тоа не го прифаќа и не го одобрува. Македонецот не станува Бугарин но тој тоа веројатно не може да го сфати од негови лични причини кои би биле интересни за јавноста.
Тој не сака да ја слушне и разбере целта на опозицијата и двата предлога, за одложеното дејство на устваните измени и за спроведувањето на итни избори со одредени акти на поддршка од ЕУ.
Маричиќ, заедно со неговиот нелегитимен шеф Ковачевски, освен искажување на крајно извитоперени и нејасни ставови и цели, не се впуштаат да одговорат по предлозите, сметајќи ги за нереални и надвор од преговарачката рамка која власта сама ја прифати, а сега не може да ја спроведе.
Повеќе од очигледно е дека таа би сакала да ја нема рамката но во себе нема храброст да побара нејзино редефинирање.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека опозицијата не треба да се дообјаснува туку со опстојување на дадените предлози уште пожестоко да инсистира на итни избори.
Само на тој начин ќе се задржи државничкиот став и националното достоинство, а со власта во заминување ќе се занимаваат институциите.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
