Спогодба на СОНК и МОН за платите на вработените во образованието
– Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) потпишаа Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15 отсто од септемвриската плата.
Спогодбата на Фејсбук попладнево ја објави претседателот на Синдикато Јаким Неделков, а денеска на прес-конференција министерот Јетон Шаќири соопшти дека наставниците ќе добијат, како што рече, „историско покачување“ со септемвриската плата.
Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.
Во документот е утврдено дека основната плата на работникот не може да биде пониска од објавената висина на минималната плата во бруто износ во Република Северна Македонија во тековната година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат