Сантијаго Бернабеу е прогласен за најдобар стадион во светот според „FourFourTwo“

Домашната арена на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“, е прогласен за најдобар стадион во светот според британското фудбалско списание „FourFourTwo“.
Списокот вклучуваше 32 арени врз основа на следниве критериуми: естетска привлечност, атмосфера на трибините и историја.
Топ 10 рејтинг на „4-4-2“:
1. Сантијаго Бернабеу (домашен тим: Реал Мадрид)
2. Маракана (Фламенго, Флуминенсе, Васко де Гама)
3. Сигнал Идуна Парк (Борусија Дортмунд)
4. Ла Бомбонера (Бока Јуниорс)
5. Сан Сиро (Милан, Интер)
6. Камп Ноу (Барселона)
7. Монументал Антонио Веспуцио Либерти (Ривер Плата)
8. Ацтека (Круз Азул, Америка)
9. Тотенхем Хотспур Стадион (Тотенхем)
10. Ајброкс (Ренџерс).
Во 2019 година започна реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“, која продолжи до 2023 година. Вкупните трошоци за градежните работи беа проценети на 525 милиони евра.
Од попознатите светски стадиони кои не влегоа во Топ 10 се и „Алијанц Арена“ (Баерн, 11. место), „Вембли“ (репрезентација на Англија, 12. место) и „Енфилд“ (Ливерпул, 15. место).
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
