-->
-->
Тен Хаг за поразот од Галатасарај: Имавме целосна контрола на натпреварот, а потоа си пукавме во нога
-->
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг беше многу разочаран од начинот на кој неговиот тим синоќа загуби од Галатасарај (2:3) во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
- Имавме целосна контрола на натпреварот и потоа си пукавме во ногата. Примивме два гола. Мора да се браниме подобро во такви моменти, да играме подобро во одредени области на теренот, изјави Тен Хаг за официјалниот сајт на УЕФА.
Манчестер јунајтед го загуби вториот натпревар по ред и е последен во групата А. Галатасарај се искачи на второто место со четири бода.
Во следното коло, Манчестер јунајтед ќе игра со Копенхаген.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
-

Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува
