Спречен напад врз саудискиот крал Салман во Малезија

Малезиските власти соопштија дека спречиле планиран напад врз саудискиот крал Салман, непосредно пред тој да допатува во посета на Малезија.
Во соопштението се вели дека се уапсени седум лица, од кои четворица се Јеменци, еден Малезиец, еден Индонезиец, додека националноста на последниот приведен не е соопштена,
Сите седумина биле уапсени меѓу 21 и 26 февруари, на денот кога кралот Селман допатува во Куала Лумпур со делегација од 600 лица, придружуван од 25 саудиски принцови.
- Ги откривме и ги уапсивме во последниот момент, изјави шефот на малезиската полиција, Халид Абу Бакр.
Тој откри дека при рацијата полицијата пронашла и разна странска валута во вредност од безмалку 61 илјади долари, како и дека уапсените биле вклучени и во дистрибуција на дрога.
Полицијата во Малезија не дава други детали за „спречениот напад“ врз Саудијците, освен што тврди дека станува збор за дело на јеменски „милитанти“.
Медиумите во Куала Лумпур се поделени околу тоа дали уапсените Јеменци се припадници на шиитските бунтовници Хути или се поврзани за џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Саудискиот крал во моментот се наоѓа во едномесечна турнеја низ Азија.
Саудиска Арабија веќе две години ја предводи коалицијата на арапски сунитски држави кои вршат воздушни напади врз позициите на шиитските бунтовници во Јемен, кои го имаат под контрола главниот јеменски град Сана.
Многу често во текот на овие бомбардирања единствени жртви се јеменските цивили.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
