Спречен обид за државен удар во Судан, соопшти Воениот совет
Владеачкиот Воен совет на Судан соопшти дека е спречен обид за државен удар во земјата.
Американските медиуми наведуваат дека инцидентот се случил само неколку дена откако војската и продемократската коалиција се договориле за заеднички совет што ќе ја има власта во земјата до оддржување на новите избори.
Генерал-полковник Гамал Омар, еден од членовите на Воениот совет, изјави дека се уапсени 16 активни и пензионирани воени офицери.
Според него, силите за безбедност во моментов трагаат по лидерот на групата што се обиде да го изведе државниот удар, како и по други инволвирани лица.
Името на лидерот на оваа група засега не се наведува.
Воениот совет и продемократската коалиција минатата недела постигнаа спогодба за заеднички совет што ќе биде на власт околу три години, додека не се организираат следните избори во земјата.
Судан се наоѓа во политички ќорсокак, анализираат западните агенции. Повеќедеценискиот претседател на земјата Омар ал-Башар со пуч беше симнат од власта во април годинава.
Ново на Сител
-
Во зајакната акциска контрола во Скопје полицијата открила 96 сообраќајни прекршоци од кои 41 за брзо возење
-
Таравари ги посети пациентите од трагедијата во Кочани кои се лекуваат во Истанбул
-
Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина
-
Приведени двајца кичевчани, едниот возел со 2,05 промили алкохол во крвта
-
15-годишник се тепал со друг малолетник, па нападнал и полициски службеник
-
Македонија со шест таеквондисти на Европското првенство во Талин
-
Приведени двајца велешани, краделе во подрум во Струмица и го нападнале сопственикот
-
Ѓоковиќ: Можеби веќе нема да се вратам на теренот во Мадрид