Свет
28. November 2017 - 8:37

Спречен терористички напад во Австралија

Дваесетгодишен маж беше уапсен во околината на Мелбурн под сомнение дека планирал терористички напад во новогодишната ноќ.

– Уапсен е маж осомничен дека е вмешан во подготовка и планирање терористички напад во новогодишната ноќ во Мелбурн, соопшти полицијата.

Во 2014 година австралиските власти го зголемија нивото на закана од тероризам. Оттогаш се осуетени 13 напади меѓу кои и еден подготвуван од ИД во центарот на Мелбурн на Божик лани. Ако биде прогласен за виновен, осомничениот се соочува со доживотна казна затвор.