Србија е безбедна, нема закани од терористички напади
Србија е стабилна и безбедна и нема непосредни закани од терористички напади, како ни лица кои се индетификувани дека имаат план за вршење на терористички напади, изјави синоќа српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Тој, при своето гостување на „РТС“, прецизираше дека од граѓаните на Србија кои заминале да се борат во Сирија, 26-мина се се уште таму, седуммина се вратиле, додека се смета дека осум лица таму го изгубиле животот.
Стефановиќ истакна дека безбедносните структури на Србија водат сметка за тоа.
- Во Србија е мирно, безбедно и стабилно. Од регионот од време на време доаѓаат знаци за нестабилност, но ние сакаме со сите соседи да соработуваме и да покажеме дека не сме против исламот. Муслиманите во Србија мора да се чувствуваат безбедно, а треба да се плашат од оние кои планираат терористички напади, изјави Стефановиќ.
Според неговите зборови, зголемено е присуството на полиција на границите, како и разузнавачката работа, бидејќи е важно безбедносните структури да интервенираат на време онаму каде центрите се радикализирани, по што тие ќе се неутрализираат.
- Граѓаните можат да бидат безбедни, нашите структури работат деноноќно. Имавме и вежба која покажа каков е одговорот на сите здружени безбедносни сили, порача министерот.
Зборувајќи за ситуацијата на границата со Македонија, Стефановиќ рече дека во последните 24 часа во Србија влегле околу 1660 бегалци и дека исто толку ќе заминат.
- Одржуваме потполна безбедност и стабилност, а не подигнавме никаква жица или ѕидови, рече Стефановиќ.
Според него, Србија ја почекала реакцијата од другите земји, и кога другите држави ги увериле по писмен пат дека нема да ги примаат оние кои немаат основ да бараат азил во ЕУ, одлучила и таа да не ги прима.
- Граѓаните гледаат дека имаат Влада која се грижи Србија да не стане резервоар во кој економските имигранти ќе се сливаат. Тоа нема да го дозволиме, нагласи Стефановиќ.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка