Србија испрати хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за гаснење пожар во државата
Министерството за внатрешни работи на Република Србија денеска испрати нов хеликоптер на Хеликоптерската единица МВР во Северна Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Белград.
-Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, е испратен врз основа на договор на претседателот на Србија. Александар Вучиќ и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановски Давкова, се наведува во соопштението на МВР на Србија.
Инаку, МВР на Србија, во текот на изминатата недела, поради ширењето на пожарите во источниот дел на Северна Македонија, врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Северна Македонија, пружи помош со испраќање хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.
-Во изминатите три дена хеликоптерот од Србија оперираше во атарот на село Јамница, на територијата на општина Пробиштип и успешно учествуваше во локализирање на пожарот во атарот на населбата Долно Ѓуѓанци, во близина на градот Свети Николе, како и во атарот на селото Рамно на територијата на општина Старо Нагоричане, се наведува во соопштението на МВР Србија.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
