-->
-->
Средба Блинкен-Рама во Стејт департментот
-->
Американскиот дражавен секратар, Ентони Блинкен, синоќа во Стејт департментот се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама, каде ја одбележаа 100-годишнината од воспоставувањето на американскои-албанските дипломатски односи, при што Блинкен повторно укажа на поддршката на САД за влез на Албанја во ЕУ, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
-Секретарот ја истакна силната соработка во НАТО и во Советот за безбедност на ОН и му се заблагодари на премиерот Рама за недвосмислената поддршка на Албанија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а против руската агресија, соопшти портпаролот Нед Прајс.
Државниот секретар се заблагодари на Албанија за континуираната традиција со обезбедување прибежиште за ранливите лица, како што направи лани со 2.000 Авганистанци. Aлбанија беше првата земја која понуди да прими авганистански бегалци по повлекувањето на американската војска од Авганистан.
Блинкен повторно укажа на поддршката на САД за влез на Албанија во ЕУ и за регионална економска интеграција, истовремено истакнувајќи ја потребата од целосна имплементација на судските реформи и борба со корупцијата во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
