Средба Димитров - Бејли

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и амбасадорот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли на денешната средба разговарале за начините за натамошно унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји, нагласувајќи ја заедничката заложба за продлабочување на соработката во сите домени од заемен интерес.
Како што соопшти МНР, министерот Димитров нагласил дека новата Влада на Република Македонија е бескомпромисно ориентирана кон реализирање на неопходните реформски процеси во општеството и создавање предуслови за одговорно владеење и независни институции коишто, пред се, би работеле во функција на потребите на сите граѓани на нашата држава.
Димитров подвлекол дека јакнењето на институциите, владеење на правото, промоција на култура на дијалог и компромис ќе бидат најдобри аргументи за забрзана Евро-атлантска интеграција на земјата. Во тој контекст, посебно биле акцентирани силната посветеност и заложбите на новата Влада за што поскоро остварување на полноправно членство на Република Македонија во НАТО, односно за забрзување на процесот на Евро-атлантската интеграција на нашата држава.
Шефот на македонската дипломатија укажал дека што побрзо зачленување на Република Македонија во Алијансата, ќе има и исклучително значење и за безбедноста и просперитетот на Регионот во целина.
На средбата, соговорниците размениле мислења и за актуелните состојби во регионот и тековните глобални предизвици.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
