Средба Димитров - Дачиќ во Ниш за можноста на отварање на границите во текот на јуни
Покрај евроинтеграциите, мини шенгенот и унапредување на билатералната соработка, главна тема на денешната средба во Ниш на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ беше олеснување на ограничувањата меѓу двете држави поради епидемијата на коронавирус и отварање на границите.
Димитров, на прес-конференцијата изјави дека Северна Македонија и Србија имат среќа што блискоста, врските и пријателството меѓу двата народа е толку цврсто што и покрај повременети напори на политиката, не успеваат да направат никаква штета на тоа пријателство.
Тој истакна дека е важно „што за прашања за кои немаме исти ставови и имаме недоразбирања, важно е да бидеме блиски и да комуницираме и да го завцрстиме пријателството.“
Во врска со отварање на македонската граница, Димитров кажа дека во консултација со министерот за здравство Венко Филипче имале првичен план кон средината на овој месец да се отворат границите на Северна Македонија.
-Ќе разговараме поинтензивно овие денови и во рамките на ситуацијата со вирусот и ситуацијата во регионот, овие денови треба да пресечеме и да ја донесеме таа одлука. Мислам дека таква одлука треба да се очекува во текот на овој месец јуни, иако е малку неблагодарно ова да се предвидува со оглед на непредвидливоста на пандемијата, кажа Димитров.
Тој додаде дека пандемијата покажала колку во регионот сме сите заедно и колку преку соработка треба да си помагаме, како што била соработката меѓу кризните штабови на двете земји за време на пандемијата.
Српскиот министер Дачиќ објасни дека Србија на 22 мај ги отворила границите и за македонските државјани без никакви ограничувања.
-Имајќи предвид дека ниту Србија, ниту Северна Македонија не се изолирани острови и сите тие одлуки е важно да ги систематизираме и да знаме во регионот кој какви прописи има, бидејќи тоа луѓето пред се ги интересира. За нас е битно како и во кој правец ќе се одвива нашата комуникација со Северна Македонија и дали луѓето ќе може да патуваат, поради што на состанокот беа присутни и епидемиолози, од чии ставови зависат и нашите политички одлуки во поглед на границите, кажа Дачиќ.
Дачиќ оцени дека Србија сака да ги јакне односите со Северна Македонија, на сите полиња, и во поглед и на Мал шенген, даде подршка на евроинтеграциите кои треба да бидат поинтензивни, најавувајќи дека во петок во Грција со шефот на дипломатијата Дендиас ќе разговара и за организирање на трилатерален состанок меѓу Грција, Северна Македонија и Србија на острвот Крф, на ниво на шефови на дипломатии.
Ново на Сител
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец