-->
-->
Средба Џафери - Бушати: Успешен референдум за полноправно членство во НАТО
-->
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска го прими Дитмир Бушати, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.Како што соопшти собраниското Одделение за односи со јавноста, Џафери истакнал дека ваквите средби на високо ниво се од особено значење за развојот на односите меѓу двете пријателски и соседни земји и оти Република Македонија високо ја цени поддршката што Република Албанија ја дава во насока на интегрирањето на нашата земја во евроатлантските структури.
- Секако, на овој план, двете земји треба заеднички да се поддржуваат и помагаат, ако се има предвид дека целта на целиот регион е да стане дел од големото европско семејство, стои во соопштението.
Џафери и Бушати заеднички констатирале дека двата Парламента треба да ја зајакнат соработката на ниво на групите за соработка, комисиите и собраниските служби. Посебен акцент бил ставен и на меѓувладината соработка.
Министерот Бушати изразил верба во успешна реализација на претстојниот референдум во Република Македонија со кој ќе се заокружи уште една фаза во надминување на последната пречка за полноправно членство во НАТО.
На средбата биле споменати многу области во кои двете соседни земји споделуваат заеднички интереси од големо значење, како што се проектите коишто се во завршна фаза, односно изградбата на патот Ќафасан - Елбасан, како дел од Коридорот 8, Автопатот Елбасан – Дебар и железничкото поврзување меѓу двете земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
