Средба Груевски - Волер: 150 лица од ВМРО-ДПМНЕ по различни основи се под директен атак на политички прогон
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP) Патрик Волер, информираат од партијата
На средбата стана збор за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со семејството на Европската народна партија како и за актуелните случувања во државата.
Во соопштението се вели дека Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочена соработка со Европската народна партија и изрази задоволство од досегашните односи кои го покажуваат потенцијалот за развивање на понатамошните односи, а со тоа и ползување на таквата соработка за интересите на `Република Македонија во остварување на нејзините стратешки приоритети како што е членството во ЕУ.
Груевски накратко го запозна соговорникот со актуелните случувања на политички и економски план. Тој посочи дека во Македонија има газење на правната држава и демократијата. Се врши класичен политички прогон и реваншизам на партиска основа. Се притвораат уметници само поради изразено мислње а притоа се теретат за непостоечки дела како што е тероризам.
-За жал стануваме држава каде наместо со демократија се владее со страв и кршење на основните човекови права, спротивно на основните европски и универзални вредности. Македонија е земја каде се прогонуваат актери, уметници, режисери, инжињери и каде власта уапси 12 осто од пратеничката група на водечката опозициска партија или 5 осто од вкупниот пратенички состав, посочи Груевски.
Македонија станува заробена држава, а главната цел на таквиот напад е токму ВМРО-ДПМНЕ каде над 150 лица по различни основи се под директен атак на таквиот политички прогон, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија
-
Анчелоти: Во моментов не ми се зборува за фудбал
-
Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење
-
Директорот на БЈБ на Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици