Средба Ковачевски - Таравари: Владина поддршка за општините за подобар и подостоинствен живот за сите граѓани
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски оставри средба со со градоначалникот на Општината Арбен Таравари при неговата посета и предавањето на клучевите на корисниците на социјалните станови.
Премиерот и градоначалникот разговараа за предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар и за важноста на поддршката која што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните.
- Владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините. Целта на Владата е на граѓаните да им се обезбедат квалитетни услуги и пристап до истите без разлика каде живеат, е еден од заклучите по средбата.
Ковачевски истакна дека за Владата е најважно да обезбеди просперитетна иднина за сите граѓани, бидејќи тие заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ.
Ковачевски и Таравари на состанокот уште еднаш ги потврдија заложбите за окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии кои што се за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.з
Ново на Сител
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?