Средба Мицотакис – Путин во Сочи
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска во Сочи ќе се сретне со Владимир Путин, што воедно ќе биде и прва нивна средба по доаѓањето на Нова демократија на власт во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на редовниот брифинг со новинарите во понеделникот рече дека можностите за соработка меѓу двете земји во повеќе области ќе бидат во фокусот на разговорите, а Мицотакис со Путин се сретна во Атина во 2016 година, како лидер на опозицијата за време на посетата на рускиот претседател на Грција.
-Двајцата лидери ќе имаат можност да разговаат за темите поврзани со односите меѓу двете земји со акцентот на соработката во енергетиката, туризмот, културата и образованието. Исто така ќе разменат мислења за регионалните и меѓународните случувања, рече Иконому.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите