Средба на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција со ресорните министри
Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција денеска оствари средба со министрите за внатрешни работи и земјоделство, шумарство и водостопанство, Оливер Спасовски и Трајан Димковски на која ја поздрави отвореноста на Владата за разговор, соопшти владината прес-служба.
На состанокот, министерите и претставници на Гранковиот независен синдикат, со претседателот Гоце Делчев Тодев, со генералниот секретар на овој синдикат и претседателите на синдикалните организации е разговарано за барањата на Гранковиот независен синдикат, при што е изразена определба од страна на Владата отворените прашања да се решат низ дијалог и соработка.
Разгледани биле барањата за репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата, нивелирање на платите и овластувањата на сите полицајци во државава, за покачување на вредносниот бод за сите шумски полицајци и исплата на средствата за прекувремени работни часови, како и барањето за зголемување на платите во полицијата, шумската, затворската и судската полиција. Нагласена била одлучноста на Владата за најавеното покачување на платите во јавниот сектор за пет проценти оваа година и за постоечките заложби за натамошни покачувања согласно буџетските можности од наредната година.
-Договорено е соработката да продолжи на министерско ниво и низ разговори и разбирање, согласно Законот за работни односи и согласно постоечкиот колективен договор да бидат изнајдени соодветни решенија за посочените теми, информират од Владата.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата

