Средба на министерот Амети со италијанскиот амбасадор Ромео

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска имаше работна средба со aмбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.
Како што соопштија од Министерството, на средбата се дискутирало за позитивните резултати што произлегле од досегашната соработка меѓу двете држави на полето на животната средина, а посебен акцент бил ставен на можностите за заедничка реализација на низа проекти од областа на управување со водните ресурси и природата.
- Амбасадорот Ромео истакна дека еден од приоритетите ќе му биде животната средина, како и помош при интегративните процеси за приближување на Македонија кон Европската унија, се наведува во соопштението.
Министерот Амети изразил уверување дека оваа средба ќе биде одличен почеток на добра и продлабочена соработка.
Ново на Сител
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
