Средба на министерот Лутфиу со холандскиот амбасадор
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска имаше средба со холандскиот амбасадор Вилем Воутер Пломп на која се разговарало за досегашната соработка и нејзиното продлабочување во областа на образованието и науката.
Министерот Лутфиу посочил дека МОН стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите Groninengen, Leiden и Utrecth во Холандија согласно Конкурсот за стипендирање на студенти кои ќе се запишат на еден од 100-те најдобри универзитети во светот рангирани според Шангајската листа.
Од страна на министерот Лутфиу било потенцирано дека како Министерство се подготвени за воспоставување и продлабочување на соработката со соодветни високообразовни институции од Холандија со цел подобрување и усогласување на наставните планови и програми, размена на стручни кадри и други форми на соработка.
Во текот на средбата, како што соопшти МОН, од двете страни е искажан интерес за соработка во размената на научни и технолошки информации и публикации, експерти, обуки и семинари, организирање на специјализирани студии и слично.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг