Средба на министерот Лутфиу со косовскиот министер за образование Бајрами
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу попладнево во МОН имаше средба со министерот за образование, наука и технологија на Косово Арсим Бајрами.
- Со министерот и професор Бајрами веќе се знаеме и го известив за работата на Универзитетот „Мајка Тереза“. Исто така, одлучивме од наредната недела да отвориме грант за соработка меѓу универзитетите кој од нашите две држави ќе биде отворен на 10 октомври. За грантот ќе може да аплицираат високообразовните институции, а исто така и невладините сектори кои се однесуваат на високото образование, преку организирање конференции итн., изјави Лутфиу по средбата.
Додаде дека од косовскиот министер Бајрами има поддршка за новиот универзитет „Мајка Тереза“ кој, како што најави во петокот, се очекува да проработи во средината на месецов.
- Знаејќи дека Приштина има добро искуство во техничките и технолошките науки, ние ја очекуваме поддршката од Косово, што значи дека косовските професори може да се ангажираат и да помагаат на почетокот на новиот универзитет, рече министерот за образование и наука.
Ново на Сител
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите