Средба на министерот Попоски со делегација од германскиот Бундестаг
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со претставници на парламентарната Комисија за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, која престојува во дводневна работна посета на Република Македонија.
Министерството за надворени работи соопшти дека на средбата со германските пратеници се разговарало за актуелните внатрешно-политички состојби во Македонија, економските врски помеѓу двете држави, како и за соработката за македонската интеграција во Европската унија.
- Беше нотирана принципиелната поддршка на С.Р. Германија за евроинтеграцискиот процес на нашата земја, како и посветеноста кон исполнувањето на реформите за членството во ЕУ и НАТО. Воедно, беше поздравена и досегашната улога и поддршката од Бундестагот, се вели во соопштението.
- Потребна е зголемената извесност за интегрирање во ЕУ ако сакаме мир и стабилност и во регионот и во ЕУ, истакнал Попоски. Тој, стои во соопштението, потенцира дека интеграцијата на Македонија е дотолку важна за земјата што по влезот во ЕУ, историјата би се делела на пред и по членството во Унијата.
Од пратениците е изразена благодарност за клучната улога што Македонија ја имаше во менаџирањето на мигрантската криза и спречувањето на илегалната миграција.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници