-->
-->
Средба на Попоски со белгискиот амбасадор Аник Ван Калстер
-->
Терористичките напади во престолнината на Белгија беа во фокусот на разговорите денеска на средбата на министерот за надворешни работи Никола Попоски со амбасадорката на Кралството Белгија во Република Македонија Аник Ван Калстер, на која Попоски, како што соопшти МНР, изрази длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осуди нападите.
По терористичките напади во Брисел, на аеродромот Завентем и метрото во Брисел и воведувањето на највисокото ниво на безбедност ниво 4 на целата територија на Белгија, специјални мерки, се посочува, се воведени на сите железнички станици во Брисел и Белгија, метроата, пристаништата, аеродромите, нуклеарните централи и на сите други стратешки места.
Сите македонски дипломати кои работат на територијата на Кралството Белгија се безбедни, а сите дипломатско-конзуларни претставништва на Република Македонија во Белгија и покрај зголемените безбедносни мерки и рестрикции работат непречено, информираат од МНР. Согласно досегашните информации на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, нема загинати и повредени македонски државјани.
Покрај терористичките напади во Брисел, Попоски и Калстер на средбата разговарале и за билатералната соработка, евроинтегративниот процес на Република Македонија и мигрантско-бегалската криза, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола