Средба на претседателот на СДСМ Заев со координаторот на ОБСЕ за изборите Батели
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со делегација на ОБСЕ, предводена од потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа и специјален координатор на ОБСЕ за предвремените парламентарни избори на 11 декември во Македонија, Роберто Батели.
СДСМ по средбата соопшти дека Батели порачал оти изборите во декември мора да бидат регуларни и дека на Европа и е потребна стабилна Македонија. Најавил силна посветеност на мониторинг мисијата на ОБСЕ во земјава на организацијата и спроведувањето на изборниот процес.
Заев, како што наведува СДСМ, се заблагодарил на мисијата на ОБСЕ за придонесот на организацијата во развојот на демократските процеси во земјава и оценил дека мониторите на ОБСЕ се охрабрување за граѓаните за фер предизборен и изборен процес.
- СДСМ е дел од техничката Влада за да ги заштити граѓаните од какви било притисоци и злоупотреби од страна на власта и во декември мора да одлучи слободната волја на граѓаните, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар