Средба на Шекеринска со македонските мировници
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Касарната „Илинден“ – Скопје, имаше средба со припадниците на Армијата на Република Македонија кои беа дел од последната ротација во мисиите „Одлучна поддршка“ – Авганистан и „Алтеа“ – Босна и Херцеговина.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, Шекеринска им се заблагодарила и им порачала дека тие се препознатливи со нивното присуство во мисиите и дека се амбасадори на државата.
Министерката им ги пренела пофалните зборови упатени кон мировниците на Македонија при неодамнешната посета на Брисел и нагласила дека определбата на оваа Влада е да се врати ентузијазмот, вниманието и реформите високо на агендата. Таа побарала да ги слушне сугестиите од мировниците, дали нешто им недостига во поглед на опрема и подготовки.
Припадниците на АРМ ги истакнале позитивните впечатоци, пофалби и признанија со кои се стекнале за време на овие мисии, токму поради нивната подготвеност и професионалност.
На средба се разговарало и за начинот на пренесување на искуствата стекнати од мировните мисии на идните мировници, подобрување на одредени сегменти во процесот на упатување во мисија, опремување со соодветна опрема...
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето