Средба на Шекеринска со помошникот генерален секретар на НАТО, Патрик Тарнер
![]()
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Брисел, пред почетокот на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, се сретна со помошникот генерален секретар на Алијансата за одбранбена политика и планирање, Патрик Тарнер.
На средбата Шекеринска нагласила дека Северна Македонија останува посветена на стратегиските цели, како членството во НАТО.
![]()
– Затоа сме целосно насочени кон одбранбените реформи, и особено развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, рекла министерката Шекеринска додавајќи дека ратификацискиот процес тече со исклучителна брзина имајќи предвид дека парламентите на 25 сојузници, вклучувајќи ги и Велика Британија и САД, веќе го ратификуваа пристапниот протокол.
![]()
Како што соопшти денеска МО, Шекеринска информирала дека определбата на земјата за раст на одбранбениот буџет за 0,2 проценти годишно, до бараните два проценти од бруто-домашниот производ до 2024 година се реализира и оти тоа е дел и од стратегиските документи на Министерството, како Долгорочниот план за развој на одбранбените способности.
Помошникот генерален секретар, Тарнер изразил задоволство што Северна Македонија наскоро ќе биде 30. земја – членка. Истакнал дека земјата не е сама на патот на реформите и оти НАТО ќе продолжи да дава поддршка во овие процеси.
Тарнер информирал дека НАТО ги следи сите одбранбени реформи, вклучително и растот на одбранбениот буџет, особено имајќи предвид дека земјата влегува во фаза на дефинирање на новиот пакет на цели како идна полноправна земја – членка.
![]()
Денешните активности на министерката Шекеринска продолжуваат со учеството на првиот од серијата состаноци на Северноатлантскиот совет посветен на операциите и мисиите на Алијансата, како и со повеќе билатерални средби со министри за одбрана на земји – членки на Алијансата.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
