Средба на вицепремиерот Анѓушев со австриската амбасадорка Коблер

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев се сретна со амбасадорката на Република Австрија Ренате Коблер, со која, како што информираат, разговарале за економската соработка меѓу двете земји.
Вкупните инвестиции од компании од Австрија се над 510 милиони евра, втора земја по обем во поглед на странските инвестиции, а во моментов во Македонија активно работат педесетина австриски компании.
Анѓушев, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека инвеститорите од странство, вклучително и оние од Република Австрија, ќе имаат искрен и отворен партнер во Владата.
- Странските компании кои веќе имаат инвестирано во земјата треба да се чувствуваат слободни да продолжат со своите развојни активности. Владата ќе продолжи да привлекува и нови инвеститори, а преку поддршка на домашните компании, ќе гледаме соработката помеѓу домашните и странските компании да ја подигнеме на повисоко ниво, со што бенефит ќе имаат и компаниите, но и економијата на земјата, изјавил Анѓушев.
Соговорниците заклучиле дека економската соработка ќе продолжи да се развива и во иднина и дека се очекуваат уште подобри економски резултати. Двајцата го поздравиле континуираниот раст на меѓусебната трговска размена од 2006 година.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
