Средба на вицепремиерот Пешевски со Марко Мантованели

Македонија оствари голем прогрес кога станува збор за подигнување на конкурентноста на македонските компании и за подобрување на условите за водење на бизнис, заклучија на денешната средба вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и Марко Мантованели, кој наскоро ќе биде директор на Канцеларијата на Светска банка во Република Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на Пешевски, на средбата е потврдена одличната соработка која изминативе години Владата на Република Македонија ја има со Светска банка.
Вицепремиерот Пешевски истакна дека Владата во Светска Банка гледа стабилен партнер и сериозен поддржувач, а доказ за тоа се досега спроведените 61 проект за кои се инвестирани големи финансиски средства.
Тој потенцира дека со шесте проекти кои се во тек на имплементација значително ќе се подобри локалната, регионалната и националната инфраструктура, ќе се подобрат услугите на локалната самоуправа, а особено е значајно што ќе се подигне конкурентноста на локално и регионално ниво.
Особено внимание, за време на разговорот, Пешевски и Мантованели посветија на Проектот за подобрување на локалната и регионална конкурентност во областа на туризмот. Овој проект кој е координиран токму од вицепремиерот Пешевски, ќе се реализира во соработка со Светската Банка, а се финансира преку средства од ИПА фондовите.
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
-

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот
