Средба на Заев со европратениците Ховит, Кукан и Вајгл
Договорот од Пржино мора да се исполни во целост за да се создадат потребните услови за одржување слободни, фер и демократски избори во Македонија, заеднички оценија претседателот на СДСМ Зоран Заев и европратениците Иво Вајгел, Ричард Ховит и Едвард Кукан по денешната средба во Скопје на која присуствуваа и заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски.
Претседателот Заев, информираат од партијата, посочил дека оценката на меѓународната заедница, на ЕУ и САД, дека нема услови за регуларни, кредибилни избори на 24 април е потврда на фактичката состојба, на вистината.
- Јасно е дека фер избори на 24 април не може да има. За да се создадат условите за кредибилни избори мора да се прочисти Избирачкиот список и да се спроведе реформа во медиумите. Победникот на изборите мора да има полн и чист легитимитет, за да се надмине кризата, да се обезбеди стабилноста на државата, но и Македонија да тргне напред по европскиот пат, нагласил Заев.
Во соопштението од СДСМ се посочува дека на средбата заеднички било констатирано дека по оценката на ЕУ и САД за неисполнетите услови за фер избори, на сите треба да им биде јасно оти евентуални избори на 24 нема да бидат признаени од меѓународната заедница.
Воедно, европратениците информирале дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, за шест дена го одложи гласањето за Резолуцијата за Македонија, која требаше да содржи препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите со ЕУ.
- Тоа е сигнал дека Европарламентот внимателно и одблизу ги следи настаните во Македонија од кои зависи иднината на државата, нагласуваат од партијата.
Ново на Сител
-
ЕК размислува за целосна конфискација на замрзнатите руски средства, Белгија изразува резерви
-
11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп
-
Бајден: Ја напуштив функцијата, но не и битката
-
Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп
-
Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари
-
Томовски: Потребно е да се набави нов државен авион, па и половен
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам